• Саше Љолес
Фудбалерите на Лацио ја осигураа победата над Верона во првото полувреме и славеa со конечни 2-1 (2-1) над Верона во натпреварот од четвртото коло во италијанската Серија А.
Првите 45 минути донесоа голема возбуда и атрактивен фудбал за публиката. Лацијалите бргу поведоа, по само пет минути игра, а стрелец на погодокот беше Булаје Диа. Верона се созема од шокот и веднаш израмни со голот на Каспер Тенгштед, но домаќините не сакаа да заминат на паузата во егал и повторно го вратија водството, овој пат преку Тати Кастеланос во 27. минута.
Лацио имаше минимална предност на паузата (2-1), па во офанзивен стил го започна и второто полувреме, но не успеваше порано да го „заклучи“ мечот. Римјаните се обидоа седум пати во рамките од голот, додека Верона повеќе мислеше на контра-нападите и брзите проигрувања по страните.
Во последните десетина минути Лацио се обиде со завршен налет да ја осигура победата, се обидоа Диа, Кастровили и Кастеланос, но резултатот не се промени и на семафорот останаа конечните 2-1.
- Извештај од натпреварот:
Тимот на Марко Барони го оствари вториот триумф сезонава и сега има седум бода, а во следното коло ќе ја пречека Фиорентина на „Олимпико“. За Верона ова беше втор пораз, останува на шест освоени бодови и во следната рунда ќе го нагости тимот на Торино.