ВИДЕО: Ди Марија загуби нерви со Сити – намерно го згазна Фернандињо!

Фудбалерите на ПСЖ беа видно фрустрирани од негативата против Манчестер Сити, а тоа беше видливо по стартовите, тензијата и константната спремност за расправија. 

Дефинитивно, покрај сите груби стартови се истакна Анхел Ди Марија. Аргентинецот беше лут за вториот гол во мрежата на Навас, а фрустрацијата реши да ја покаже кон Фернандињо. Ди Марија падна на провокациите и намерно го згазна Бразилецот, а за тоа заработи директен црвен картон. 

  • Неспортскиот потег на Ди Марија: 

Откако Ди Марија го остави тимот на цедило, ПСЖ целосно се предаде и завршницата од натпреварот беше само формалност, а Сити рутински ја приведе кон крајот и слави пласман во финалето.