Ди Марија: Сите сметаа дека Интер ќе мине со шест победи, но ова е многу компетитивна група

Европскиот вицешампион Интер ќе ја дочека Бенфика во второто коло од групите во Лигата на шампионите. Двата тима не тргнаа според планот, Интер ремизираше со Реал Сосиедад, додека Бенфика дома загуби од Салцбург

Во пресрет на гостувањето на „Џузепе Меаца“, своите очекувања ги изнесе Анхел ди Марија. 

„Нè очекува навистина тежок натпревар против фудбалери со врвен квалитет. Интер има многу опасни оружја кои можат да го одлучат натпреварот. Сепак, ние ќе дадеме максимум за да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. 

Ова е многу компетитивна група. Имавме доста шанси во првото коло, иако игравме со десетмина. Го проследивме и ремито на Реал Сосиедад и Интер, италијанскиот тим можеше многу лесно и да загуби. Пред стартот, гледајќи ја групата на хартија, сите мислеа дека Интер ќе заврши прв со шест победи. Може да се кажем дека ќе има голема борба меѓу четирите тима. Пред првиот меч кажавме, во Лигата на шампионите решаваат минимални детали“, изјави Ди Марија.

Реално гледано сите очекуваа Интер да се „прошета“ низ групата, ама стартот најави дека ќе биде возбудливо во трката за позициите.