Ди Марија не се враќа во клубот од детството заради смртни закани

36-годишниот аргентински фудбалер, Анхел ди Марија, одби да му се приклучи на неговиот клуб од детството Розарио Централ, откако доби смртни закани.

По триумфот на Копа Америка, Ди Марија се прости од репрезентацијата и најави дека сака да се пензионира во родниот град. Последен пат играчот го носеше тимот на Бенфика.

Првите смртни закани Аргентинецот ги добил во март, додека бил со репрезентацијата во Соединетите Американски Држави, кога сестра му нашла кутија со свинска глава со куршум во челото пред неговата врата.

„Во кутијата имаше и порака дека следната глава во кутијата ќе биде на мојата ќерка Пиа. Тие месеци беа страшни, само седевме и плачевме“, изјави тогаш Ди Марија.

Аргентинските власти ги опишаа заканите кон Ди Марија како обид за демонстрација на моќ на криминалните организации во Росарио.