ВИДЕО: Ди Марија игра во „страшна“ форма за Бенфика, со гол го реши и Порто!

Фудбалерите на Бенфика ја забележаа најголемата победа во досегашниот дел од сезоната во Примеира, откако со минимални 1-0 (0-0) славеа над лутиот ривал Порто.

Најголемото дерби во португалскиот фудбал започна со голем удар за гостите. Искусниот дефанзивец, Фабио Кардосо заработи директен црвен картон и Порто уште од 19. минута остана без еден играч во поле. Тоа донесе доминација на фудбалерите на Бенфика во текот на целиот натпревар, а домаќинот до посакуваниот гол стигна дури во 68. минута, кога повратникот во тимот, Анхел Ди Марија, со прекрасен погодок погоди за 1-0 и голема радост на трибините.

Дека искусниот Аргентинец игра во врвна форма оваа сезона говори податокот што тој беше стрелец или асистент на седум од последните осум погодоци на Бенфика во домашниот шампионат. 

Со оваа победа Бенфика го презеде врвото во Примеира и сега има два бода повеќе од Порто и Спортинг, кој утре гостува кај Фаренсе.

Состави

Бруно Лаж

4-2-3-1

    Martin Anselmi

    4-4-2