Ди Марија го стигна Меси и го напаѓа Роналдо на вечната листа на асистенции

Рекордите на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во Лигата на шампионите нема да траат вечно. 

Анхел Ди Марија запиша две асистенции во натпреварот од петтото коло од Лигата на шампионите со Монако и изби на второто место на листата на најдобри асистенти во историјата на ова натпреварување.

36-годишниот аргентински играч за врска на Бенфика веќе има 41 асистенција во натпреварите од Лигата на шампионите и благодарение на тоа го надмина Лионел Меси, кој има 40 асистенции. Рекордер во Лигата на шампионите е португалски напаѓач Кристијано Роналдо со 42 асистенции.

На шеснаесет натпревари сезонава во сите натпреварувања, играчот од средниот ред постигна осум гола и даде пет асистенции.