• Горан Упале

Јувентус преживува лоши денови. Одземените десет бода беа зачинети со поразот од Емполи, кој драматично ја загрози Лигата на шампионите. Еден од фудбалерите кој најмногу беше нападнат од гневните навивачи е Анхел ди Марија.
Навивачите ги нарекоа Ди Марија и неговиот сонародник Паредес платеници, по што следуваше одговор од страна на поранешниот ас на ПСЖ. И тоа директно на тој навивач.
„Единствениот кој не го заслужува дресот си ти. Тимот и играчите се заедно 100% до крај. Покажувате дека сте со Јувентус само кога е добро, но не и кога е лошо. Па збогум. Тука сум до крај, а не како тебе“, напиша Ди Марија.
Со поразот од Емполи, Јувентус сега заостанува пет бода зад четвртопласираниот Милан на две кола до крајот. Токму двете еки се среќаваат во следното коло во Торино.