ВИДЕО: Ди Марија херој на ПСЖ, со два гола и асистенција го реши Рен

Фудбалерите на ПСЖ рутинирано славеа на домашниот дуел против Рен (3-0) во рамките на десеттото коло од француската Лига 1. Со двата погодоци во првата третина од натпреварот парижани го најавија триумфот, а Ди Марија со втората реализација во продолжението ги „чекира“ трите бода на „Паркот на принцовите“. 

  • Извештај од натпреварот:

Резултатот го отвори Моисе Кин кој продолжи со добрите партии во дресот на „светците“. Младиот напаѓач погоди на асистенција од Ди Марија во 11. минута, за 1-0 на ПСЖ. Десет минути подоцна, асистентот од Аргентина беше и стрелец. Ерера испрати прецизна топка низ средината, а таму најбрз беше Ди Марија, кој со ефектен лоб ја заврши акцијата на својот тим (2-0). 

Второто полувреме одново мина во знакот на ПСЖ, кој беше тимот кој ја контролираше играта. Рен беше инфериорен, а тоа се докажа и трет пат во 73. минута. Анхел Ди Марија го запиша вториот погодок денес, откако по проигрување од Дагба биеше неодбранливо за голманот Гомис, поставувајќи ги конечните 3-0. 

Со оваа победа ПСЖ се зацврсти на првата позиција во Лига 1, каде по лошиот старт одново е лидер и веќе има пет бодови повеќе од Лил.