Ди Марцио тврди: Пандев стави потпис на нова соработка со Џенова

Едне од највлијателните италијански фудбалски новинари, Џанлука Ди Марцио, објави дека нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев веќе го ставил потписот на нов договор со тимот на Џенова

Синоќа, италијанските медиуми открија дека македонскиот репрезентативен капитен на маса имал понуда за нова едногодишна соработка со Џанова, а секогаш добро информираниот Ди Марцио тврди дека договор веќе е постигнат, и набрзо ќе биде потврден од двете страни. 

Пораншениот член на Лацио, Интар и Наполи пред извесен период најави дека не планира да замине во пензија и е подготвен да одигра уште најмалку една сезона, а посакува кариерата да ја круниса со настап со Македонија на еден контитентелен собир.

35-годишниот Пандев четири сезони е дел од тимот на Џенова, а во последната настапи на 28 натпревари и постигна четири гола.