Ди Канио за потписот на Жозе во Рома: Тие го одбраа најлошиот од најлошото

Жозе Мурињо по само две седници откако беше избркан од Тотенхем си најде нов клуб и од следната сезона ќе го води поранешниот италијански шампион Рома.

За многумина преминот на „Специјалниот“ во „волчицата“ е големо изненадување, а свое мислење за оваа одлука на челните лица на Рома даде италијанската фудбалската легенда Паоло Ди Канио.

„Мурињо само сака работа со многу пари. Тој трипати беше отпуштен во последните четири години. Добиваше откази заради неговиот карактер. Порано беше добар и имаше карактер. Сега Тотенхем му „подари чевел“ поради резултатите и неможноста да го подигне тимот на друго ниво по две години со сите потрошени пари“, рече Ди Канио.

Поранешниот фудбалер на Лацио, Јувентус, Наполи, Милан, Шефилд Венсдеј, Вест Хем, но и менаџер на Свиндон и Сандерленд смета дека Мурињо не може да го реконструира тимот од италијанската престолнина.

„Со оглед на околината на Рома, Жозе е добар. Можеби очекувате кој знае што, но јас ви велам дека тој е најлошиот од најлошото“, додаде легендарниот Италијанец.

Италијанските медиуми веќе започнаа со шпекулациите околу евентуалните засилувања кои ги посакува Мурињо, а за прв желба се споменува искусниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ.