Ди Франческо доби отказ по само три кола, Тудор кандидат за негов наследник

По само три кола во Серија А веќе падна првата тренерска „жртва“. Тренерот на Верона, Еузебио Ди Франческо, доби отказ по само три натпревари и исто толку порази во Серија А.

Верона синоќа загуби од Болоња со 1-0,  откако претходно претрпе порази од Сасуоло и од првакот Интер. Ди Франческо пред неколку месеци пристигна во Верона како наследник на Иван Јуриќ, кој се пресели во Торино.

Ди Франческо среде сезона доби откази и како тренер на Сампдорија и Каљари. Хрватот Игор Тудор е најсериозен кандидат за наследник на Ди Франческо.