• Горан Упале
Го бараа многу клубови, но тој конечно избра да остане во Франција. На големо разочарување на Баерн, Арсенал, Милан и Рен, офанзивецот Дезире Дуе одлучи дека не е време да ја напушти Лига 1, па логичен редослед е дека неговиот клуб ќе мора да преговара за висината на обештетувањето со единствената преостаната заинтересирана страна - Пари Сен Жермен.
Според „Ле Паризиен“, во неделата била одржана средба меѓу раководството на двата клуба на која биле договорени клучните точки од зделката, а деталите се целосно усогласени. Самиот Насер Ел Келаифи разговарал со родителите на момчето родено 2005 година и им го претставил проектот, во кој „светците“ ќе треба да вложат околу 60 милиони евра.
Минатата сезона Дезире Дуе за Рен постигна четири гола со шест асистенции на 43 натпревари, одигра брилијантно за младата селекција на Франција, а со олимписката репрезентација освои сребрен медал. На Олимписките игри постигна гол и асистенција на пет натпревари, од кои на три настапи како стартер, а на првите два меча влезе како резерва.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.