Дезире Дуе е најкорисен играч на европскиот Суперкуп

Дезире Дуe беше најдобриот поединец на Суперкупот на УЕФА меѓу ПСЖ и Астон Вила. 

Францускиот офанзивец постигна гол и одигра клучна улога во победата на парижаните од 2-1.

Дуe го постигна вториот гол за ПСЖ во 61. минута, а покрај погодокот, имаше и асистенција при погодокот на Квича Кварацкелија. Освен тоа направи доста клучни додавања и повеќе опасни офанзивни акции со кои постојано ја загрозуваше одбраната на Астон Вила.

Техничката група на УЕФА ја избра младата ѕвезда на ПСЖ за МВП, нагласувајќи го неговиот директен придонес во триумфот на францускиот шампион.