Девојките добија лекција и од Северна Ирска

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години доживеа пораз и во вториот квалификациски натпревар за пласман на ЕП, во кој загуби од Северна Ирска со 0-4 (0-2).

Нашите девојки повторно потфрлија на терен и добија нова фудбалска лекција. Во 10. и 16 .минута погодија Смит и Бел за водство на гостинот од 0-2, додека во вториот дел во нашата мрежа успеаја да стрелаат Маги и Вилсон.

Последниот квалификациски меч Македонија го игра на 5 октомври, а за противник ја има селекцијата на Босна и Херцеговина.