Девет екипи веќе се елиминирани од ЛШ, меѓу нив и тимовите на Миовски и Елмас

Новиот систем на натпреварување во Лигата на шампионите прави да нема безначајни натпревари, па така следната среда скоро секој натпревар од осмото последно коло од првата фаза има некаков значај. 

Познати се девет екипи кои немаат шанси да се квалификуваат во плеј-офот. Без шанси за следната фаза во елитното фудбалско натпреварување се: Болоња, Спарта, РБ Лајпциг, Џирона, Црвена ѕвезда, Штурм, Салцбург, Славија и Јанг Бојс. Така сигурно од елитата испаѓаат Миовски и Елмас, а теоретски се шансите на Адеми и Ристовски.

Моментално во зоната на плеј-офот, се ПСВ, Клуб Бриж, Бенфика, ПСЖ, Спортинг и Штутгарт, но три од овие шест екипи можат да бидат елиминирани.

Последното коло од првата фаза од Лигата на шампионите ќе се одигра следната недела, на 28 и 29 јануари.