Детонит Плачковица со четири имиња по подобра пролет

Фудбалскиот клуб Детонит Плачковица од Радовиш активно се засили за продолжението на сезоната, официјално потврдувајќи неколку трансфери кои значително го освежија ростерот.

Во Радовиш се врати искусниот Тони Мирчевски, кој претходно настапуваше за Слога Виница. Мирчевски во кариерата има искуство и со клубови како Воска Спорт, Брегалница, Борец, Брегалница Делчево, Скопје, Вардар и Цементарница.

Покрај тоа, клубот го ангажира и новиот голман Павел Петревски, како и Љупче Христовски од Слога Виница, кој има минато во Беласица и младинските категории на Брера Струмица. Дополнително, составот го засили и младиот Омер Сулејмани, кој доаѓа од Македонија ЃП.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.