• Мартин Танасковски

Екипата на Детонит Плачковица се раздели со повеќе првотимци, но реагира на пазарот и донесе важно име за продолжението од сезоната откако потпиша договор со Давид Велковски.
24-годишниот десен бек во изминатите седум години настапуваше за тимот на Вардар, за кого ги мина сите категории, од младинците, до сениорскиот тим. Двете страни се разделија, па изборот падна на Детонит.
Велковски минатата полусезона не доби голема минутажа во Вардар, одигра само четири натпревари на кои на теренот мина деведесет минути.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.