Детонит Плачковица го потврди баражот – чека на Вардар или Брера!

Екипата на Детонит Плачковица и официјално е во баражот. Тимот од Радовиш одигра реми со Кожуф, но поради идентичниот резултат на мечот Арсими - Осогово, се најде на третата позиција која носи разигрување за елитата.

Клубот досега нема играно во Првата лига и ќе се обиде да дојде до историски резултат преку баражот. Сепак, нема да има лесна задача, затоа што против себе ќе го има најтрофејниот Вардар или Брера Струмица, поранешна Академија Пандев.

Овие два клуба во последните две кола ќе се борат да ја избегнат позицијата бараж и да дојдат до опстанок. Брера е поблизу, но ако Вардар победи кај Силекс, а Шкупи триумфира со Брера, тогаш ќе решава последното коло. Брера во моментов има 38 бода, додека Вардар има 35 бода.

Теоретски постои шанси во баражот да се најдат и Гостивар или Воска Спорт, но тоа би било лудо сценарио да се прогнозира. Треба двата тима да ги загубат последните два меча, а Вардар да ги победи двата, што во овој момент, од овој резултатски агол изгледа нереално.