Детонит го распродаде тимот, замина и Бобан Здравевски

Второлигаш Детонит Јуниор од Радовиш, иако го обезбеди опстанокот во ВМФЛ-Исток, нема да се натпреварува во оваа категорија, бидејќи заради егзистенционални проблеми го отстапи местото на Саса Каменица. Тоа значеше дека голем дел од фудбалерите кои го понесоа товарот минатата сезона ќе си заминат и нема да играа во Третата лига.

Така, последен кој го напушти Детонит е младиот Бобан Здравевски. Битолскиот напаѓач имаше одлична полусезона исполнета со голови за радовишани, но брзо се раздели и наскоро ќе ја објави новата средина.

За младиот Бобан, инаку син на поранешниот репрезентативец Сашо Здравевски, интерес постои од неколку екипи од Првата и Втората лига. Се работи за фудбалер кој поникна во школата на Пелистер, а играше во тимот кој предминатата сезона испадна од ПМФЛ и во есенскиот дел од шампионатот 2018/19 во ВМФЛ-Запад.