ВИДЕО: Детонит до сензација со Пелистер, Силекс го исфрли Шкупи!

Екипите на Детонит Плачковица и Силекс се четвртфиналисти во Купот на Македонија, откако ги добија своите натпревари по изведување на пенали.

На големо изненадување, Пелистер дома во Битола загуби од второлигашот Детонит Плачковица. Регуларниот дел заврши нерешено со резултат 1-1, додека по изведување на удари од белата точка мечот заврши 1-4 за радовишани. Лука Трајкоски ги доведе гостите во водство, а за домаќините израмни Дамјан Масевски. При пенал серијата за домаќините не реализираа Ивановски и Ристевски.

Силекс, пак, дома играше 0-0 против Шкупи, па следеа удари од белата точка. Серијата заврши со резултат 4-2 за Силекс, а клучниот гол од пенал во последната серија го постигна Дарко Анѓелески.

Ждрепката за следната фаза од Купот на Македонија ќе се одржи во ФФМ, а датумот ќе биде познат дополнително.