• Саше Љолес
Поранешниот играч на Реал Мадрид и долгогодишен аргентински репрезентативец, Фернандо Гаго, официјално е нов тренер на гигантот Бока Јуниорс.
Новиот стратег беше топло пречекан од навивачите и управата, која му посака добредојде на „своето дете“ и му посака голем успех на клупата на славниот аргентински клуб.
„Фернандо знае дека тука треба да се чувствува како дома. Пресреќни сме што е повторно со нас“, кратко изјави претседателот Хуан Рикелме.
Гаго сезонава беше тренер на Чивас од Мексико, но го напушти клубот месецов и веднаш дојде во Бока, каде ќе го замени досегашниот предводник, Диего Мартинез. Тимот во моментов не е во завидна форма и се наоѓа на десеттото место на табелата.
Фернандо Гаго во кариерата одигра 193 натпревари за Бока Јуниорс, а во дресот на Реал Мадрид се појави 92 пати и постигна два гола. Играше уште за Рома, Валенсија и Велез Сарсфилд.