„Детето“ што играше „Менаџер“ и стана тренер ги шокираше фановите на Ленс!

Тренерот на Ленс, Вил Стил, синоќа на прес-конференција по победата над Монако во последното коло од Лига 1 ги изненади сите откако соопшти дека го напушта клубот.

Ленс ги декласираше незаинтересираните „кнезови“ во последниот натпревар од сезоната, и тоа на преполниот „Болар Делели“. Тоа е мала утеха за сезоната во која овој клуб не успеа да се квалификува за Европа, но уште полоша вест за нив е ненадејното заминување на Вил Стил.

32-годишниот стручњак кој помина само една сезона во Ленс, наследувајќи го Френк Хез, заминува од лични причини.

„Л’Екип“ објави дека сака да се врати во Англија и да биде во близина на својата девојка, која од март се бори со енцефалитис, или акутно воспаление на мозокот.

Тој исто така треба да прифати нова работа, но во близина на Лондон. Се зборува за интерес од Саутемптон, кои се оддалечени 120 километри.

Инаку, приказната за Вил Стил е неверојатна. Тој стана популарен поради играта „Менаџер“ и до неодамна немаше тренерска лиценца „А“ и за време на неговиот престој во Ремс клубот плаќаше казни за да го има на клупата. Во еден период Ремс беше во серија од 18 натпревари без пораз, што ги направи хит во Франција и Европа.