• Горан Упале

Манчестер Сити ја продолжи соработката со Фил Фоден до 2030 година, пишуваат британските медиуми. Фоден не блескаше на теренот оваа сезона, но и во наредниот период ќе биде член на тимот од „Итихад“, со кој постигна неверојатен успех.
Оваа сезона, англискиот репрезентативец најчесто влегуваше во игра од клупата за резерви, но успеа да постигне седум гола и да додаде три асистенции. Во сезоната 2023/24, Фоден беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата.
Манчестер Сити сè уште има шанси да ја освои титулата, но по ремито со Евертон, шансите се многу помали, бидејќи Арсенал има пет бода повеќе и подобра гол-разлика. Сепак, Сити има еден натпревар помалку (против Кристал Палас).






