• Саше Љолес
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, одлучи да го исклучи од тимот талентираниот Ансу Фати, кој не го импресионирал на летните подготовки и тој во блиска иднина нема да тренира со првата екипа.
21-годишниот офанзивен фудбалер подолго време се мачи да ја пронајде вистинската форма, а тоа се потврдува и со потегот на Флик, кој решил дека нема да смета на неговите услуги. Доколку пристигне понуда за Фати, тој би можел да замине од Барса, но голем проблем е неговата огромна откупна клаузула која изнесува дури една милијарда евра.
Фати важеше за огромен талент на шпанскиот фудбал, но не успеа да се наметне во првиот тим на Барселона, а минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во англискиот Брајтон, каде одигра 26 натпревари и запиша учинок од четири гола и една асистенција.