Дете на Хајдук е ново десно крило на Брера Струмица

Брера Струмица го промовира новото засилување за пролетната полусезона. 

Нов член на струмичкиот прволигаш е Леонардо Петровиќ. Станува збор за десно крило кое има 22 години и доаѓа од редовите на Змијавци од Хрватска со кој се натпреваруваше во втората лига. 

Петровиќ е дете на Хајдук, ги мина младинските категории на клубот од Сплит, а беше позајмуван во Змијавци и Јадран. За првиот тим на сплитските „били“ нема официјален настап, а потоа настапуваше за Посушје и Радник Бијелина во Босна и Херцеговина. 

Есенската полусезона ја мина во Кроациа Змијавци и забележа 12 настапи, постигна еден гол и подели две асистенции.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.