• Саше Љолес
Нигериецот Виктор Осимен дефинитивно ќе остане во редовите на Галатасарај и ќе потпише повеќегодишен договор со турскиот гигант, јавуваат италијанските медиуми.
Клубот се договорил со управата на Наполи и ќе исплати голема сума оф 75 милиони евра, од кои 45 ќе бидат префрлени веднаш, а потоа ќе следат уште две рати од по 17,5 милиони, кои ќе мора да се подмират во текот на една календарска година.
Наполи успеа да „избоксува“ и дополнителни 10 проценти од идниот трансфер на Осимен, што значи дека „партенопеите“ можат од овој трансфер да заработат нешто над 80 милиони евра.
Минатата сезона напаѓачот пристигна на позајмица во Истанбул и стана вистинска ѕвезда, постигнувајќи 37 голови во сите конкуренции.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.


