Дестан Адили ја засили Шкендија Арачиново

Новиот второлигаш Шкендија Арачиново продолжува да се засилува. Денес беше промовиран Дестан Адили, кој потпиша едногодишен договор. 19-годишниот напаѓач доаѓа од тимот до 19 години на Работнички, а претходно настапуваше за Победа, Воска Спорт и Вардар Неготино.

Адили беше дел и од репрезентацијата на Македонија до 17 години.

Претходно Шкендија Арачиново ги доведе: Христијан Коцев, Гентијан Амети, Бурим Алиев и голманот Баки Алиу. Клубот ја продолжи соработката со Бујар Иљази, Руфат Чилафи, Артан Чилафи, Александар Ѓорѓиески и Љупче Трпески.

Новата сезона во Втората лига почнува на 23 август.