Деспотовски останува во Кожуф и цели кон пласман во Првата лига

Македонскиот второлигаш, ФК Кожуф, ќе го задржи тренерот Филип Деспотовски и веќе полека со мислите е кон подготовките за следната сезона. 

Првата прозивка е закажана за 25 јуни, а Деспотовски и стручниот штаб имаат пикирано и неколку потенцијални засилувања кои ќе треба да помогнат во остварувањето добри резултати. Кожув ќе има високи амбиции и сака да се вмеша кон горните позиции кои водат во Првата македонска лига. 

Капитенот Бојан Иванов замина од клубот, но ростерот ќе биде освежен со неколку квалитетни имиња со прволигашко искуство. Кожуф имаше помалку бурна сезона, но резултатите се подобрија откако Деспотовски ја презема клупата и тимот заврши на десеттата позиција на табелата.