Десподов: Македонците повеќе гледаат на политички, отколку на фудбалски дуел!

Десподов

Фудбалската селекција на Бугарија со позитивна атмосфера допатува во Скопје, каде в понеделник против Македонија ќе го одигра последниот натпревар од сезоната во Лигата на нации.

Во пресрет на патувањето за Скопје, капитенот Кирил Десподов смета дека овој натпревар во нашата земја повеќе се гледа како „политичка пресметка“.

„В понеделник нè очекува потежок натпревар, а мислам дека Македонците гледаат на овој натпревар повеќе на политичка основа, отколку како фудбалски дуел. Предноста е на нивна страна, поради домашната публика, но сите веруваме дека можеме да оствариме добар резултат и да победиме“, изјавил Десподов.

На Македонија ѝ е потребен бод против Бугарија за да ја сочува втората позиција на табелата, која што носи подобра ждрепка во квалификациите за следното Европско првенство.