ВИДЕО: Германска „тики-така“ во Волфсбург - „магичен“ гол на Борусија Дортмунд!

Една од екипите која во голем стил го започна завршниот дел од шампионатот на Германија е Борусија Дортмунд. На тешкото гостување на северот на Германија, и без Ројс и Санчо, екипата на Фавр доминира. 

По една фантастична акција на Хакими од десната страна, левиот бек Гереро се придодаде и го матира домашниот голман Кастелс во 32. минута.

Веќе во вторник попладне од 18:30 часот на „Сигнал Идуна Парк“, Борусија Дортмунд го пречекува Баерн во дуелот за титулата во германскиот фудбалски шампионат.