• Иван Димовски
Зимското засилување на Баерн Минхен, Саша Бое заработи повреда на тренинг и поради тоа мораше на операција.
24-годишниот дефанзивец успешно беше подложен на оперативниот зафат. Според официјалното соопштение на баварците, се работи за поткинување на менискусот на коленото, а изненадување е дека Бое треба да се врати на терените за неколку седмици. Очигледно се работи за поблага повреда и фудбалеро имал среќа, бидејќи обично операциите за скинат менискус носат доста долга пауза.
Десниот бек присигна во Баерн минатиот јануари за 30 милиони евра од Галатасарај. Претходно тој беше дел и од француските Рен и Дижон.
По доаѓањето во Минхен Саша Бое не може да крене глава од повреди. Досега за клубот има само четири настапи и неколку паузи поради повреди.