Дешамп: Премногу грешевме, а тоа ривал како Хрватска знае да го казни

Репрезентацијата на Франција претрпе во најмала рака изненадувачки пораз во четвртфиналето на Лигата на нациите од Хрватска на „Пољуд“ (2-0). Домашната селекција ги искористи своите шанси и со головите на Анте Будумир и Иван Перишиќ

По натпреварот селекторот на „триколорите“ Дидие Дешамп го анализира одиграното и го пофали противникот. 

„Имавме премногу технички грешки во првиот дел, иако голманот Мењан одбрани пенал ние не успеавме да го сочуваме својот гол. Хрватска се покажа како организирана екипа. Моите фудбалери немаа проблем со силата, бевме подобри во вториот дел отколку во првиот. 

Пристапот беше лош, а тоа квалитетен противник знаеше да го казни. Можеби можев да направам поинакви промени, ама бевме подобри во вториот дел. Резултатот беше веќе поставен во првиот дел кој беше полн со грешки. Од наша страна имаше многу грешки, а тоа ривал како Хрватска го казнува“, изјави францускиот селектор. 

Реванш дуелот на овие две селекции ќе се одигра в недела во Париз во терминот од 20:45 часот.