Дешамп: Победа на старт на турнирот секогаш е добра работа

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп, со измешани чувства го заврши натпреварот против Австрија. Задоволството од победата беше засенето со повредата на носот на Мбапе и паузата која го очекува.

Сепак, впишаните три бода нудат оптимизам пред продолжувањето на турнирот.

„Сите натпревари на првенството се тешки. Можевме да одиграме подобро офанзивно, но многу е добро да се започне големо натпреварување со победа. Тоа нека си стане навика, која треба да ја задржите.

Очигледно е дека имаме квалитет, талент, но играчите знаат дека мора да бидат подобри во играта без топка“, рече Дешамп.

Во следното коло Франција ќе игра против Холандија и во случај на позитивен резултат, па и со реми, двете селекции ќе бидат многу блиску до квалификација за осминафиналето.

Состави

Ралф Рангник

4-2-3-1

    Дидие Дешамп

    4-3-3