Дешамп нема среќа, се повреди уште еден клучен играч пред ЕП!?

Гризман

Карим Бензема се повреди на пријателската средба против Бугарија, па е под голем знак прашалник за воведниот меч на Европското првенство против Германија.

Финалистот од претходното издание на турнирот се соочува со проблеми во изминатиот период. Нетрпение настанало меѓу Жиру и Мбапе, а сега уште една ѕвезда тренира одвоено од соиграчите.

Се работи за Антоан Гризман кој го помина последниот тренинг во вежбалница. Голгетерот почувствувал болка во ногата, па докторскиот тим не сакаше ништо да ризикува.

Засега нема јасна слика околу состојбата на членот на Барселона. Француските фанови стравуваат дека нивниот напад ќе биде значително ослабен на континенталниот шампионат.

Дербито меѓу Франција и Германија се игра во вторник во 21:00 часот.