Дешамп: Не замислувавме ваков меч, Шпанија вечерва беше подобра од нас

Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на Европското првенство откако вечерва со 2-1„Црвената фурија“ славеше победа над Франција во полуфиналето во Минхен, а овој пораз е прв во деведесет минути за француската селекција на едно големо натпреварување по цени десет години.

Дидие Дешамп се одлучи за промени во стартниот тим, а ниту замените во вториот дел не донесоа подобро издание на Французите. Селекторот на светските вицешампиони не беше многу зборлест пред новинарите по полуфиналниот пораз.

„Имавме шанси да постигнеме израмнувачки гол. Мислам и дека го заслуживме. Сепак, морам да потенцирам дека Шпанија одигра подобар натпревар од нас. Не ги одигравме овие деведесет минути како што замислувавме, притискавме до самиот крај, но не успеавме да постигнеме гол.

„Сепак, сакам да истакнам дека имаме многу млади играчи во тимот и нашата репрезентативна иднина е светла“; рече Дешамп.

Франција останува на две европски титули, а последната ја прослави пред повеќе од две децении. 

Неделното ќе биде петто финале за Шпанија, досега трипати победија (1964, 2008, 2012), додека во 1984 година загубија токму од Франција. 

Состави

Луис де ла Фуенте

4-2-3-1

    Дидие Дешамп

    4-3-3