Дешамп на чекор до бесмртност - ќе стане ли само трет со двојна светска круна?

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп се наоѓа пред историски подвиг, кој многу малку луѓе го оствариле во историјата на Светските прваци. Ако в недела во финалето на Мундијалот, „галските петли“ извојуваат победа над Англија или Хрватска, Дешамп ќе стане само трет кој станал светски првак и како играч и како селектор. 

Марио Лобо Залало со Бразил и Франц Бекенбауер со Германија се искачија на врвот на светот и како фудбалери и како селектори. Дешамп пред 20 години во Париз стана шампион на светот и како капитен ја подигна „богинката“ по победата над Бразил со 3-0.

Во ова друштво е и Руди Фелер, кој стана светски првак како фудбалер, а како селектор ја доведе својата репрезентација до финалето, но загуби од Бразил во мечот за титула во 2002 година. 

Дешамп пред две години на Европското првенство на домашен терен загуби во финалето од Португалија со 1-0 по продолженија и остана без предвидената и очекувана круна.