Дешамп: Мбапе е многу погоден, но никој не може да му се налути

Никој не можеше да претпостави дека победата на Франција во Минхен против Германија на четвртиот ден на Европското првенство ќе биде прва и последна на светскиот првак на Европското првенство. Вечерва во трилерот во Букурешт, „галските петли“ загубија во изведување на пенали, а на прес-конференцијата селекторот Дидие Дешамп ја презеде одговорноста.

„Оваа елиминација боли. Дадовме што имавме во нас за да заврши натпреварот поинаку. За жал за нас заврши турнирот на ваков начин. Не постои магично стапче во фудбалот, туку само балансот на теренот кој треба да се испочуитува. Килиан Мбапе е многу погоден, но никој не може да му се лути. Кога преземаш одговорност, знаеш дека вакви работи се случуваат. 

Ја преземам одговорноста и не е време да зборуваме за мојата иднина“, рече Дешамп.

Француските медиуми веднаш го исфрлија името на Зинедин Зидан како можен наследник на Дешамп. Поранешниот тренер на Реал Мадрид не крие дека еден ден сака да ја води селекцијата на својата земја. 

Состави

Дидие Дешамп

3-4-1-2

    Мурат Јакин

    5-3-2