• Иван Димовски
Французите подобро шутираа пенали од Хрватска и славеа со 5-4, а претходно по поразот во Сплит од 2-0 со идентичен резултат водеа по продолженијата во Париз. Со оваа победа „триколорите“ си обезбедија виза за завршниот турнир во Лигата на нациите.
Селекторот Дидие Дешамп го анализира одиграното и ги пофали своите фудбалери.
„Ја свртевме приказната по натпреварот во Сплит и одигравме многу добар натпревар против силен противник. Логиката вели дека можеби не требаше да одиме до пеналите, ама овојпат тие за нас беа среќни. Беше важно да победиме и за овие 80.000 навивачи кои дојдоа на стадионот. Одигравме одличен натпревар со млади играчи кои уште немаат премногу репрезентативно искуство. Ова беше важно за нивен развој“, изјави Дешамп.
На „фајнал-фор“ турнирот во Германија селекцијата на Франција ја очекува реприза на полуфиналето од Европското првенство против репрезентацијата на Шпанија.