Дешамп го потврди мундијалскиот ростер, пак ги изостави Бен Једер и Лаказет

Селекторот на светскиот првак, репрезентацијата на Франција, Дидие Дешамп го објави списокот на фудбалери за претстојните први два натпревари од квалификациите за Европското првенство 2020 година.

„Триколорите“ не менуваат многу од претходните натпревари и против Молдавија и Исланд, Дешамп пак ќе се потпре на проверени сили. Умтити се враќа по повредата, а и покрај најавите, не се повикани Ленгле од Барселона, Бакајоко од Милан и Лаказет од Арсенал.

Прес-конференцијата на Дешамп: 

Список на повикани фудбалери на француската репрезентација: 

Франција ќе се соочи со Молдавија во гости на 22 март и три дена подоцна ќе го пречека Исланд.