Десетто засилување: Работнички го договори и Ерменецот Манојан

Ерменецот Давид Манојан е десеттото засилување на Работнички во овој зимски преоден рок, откако „романтичарите“ вечерва го договорија и доаѓањето на овој 28-годишен играч, кој настапува на позицијата офанзивен играч за врска.

Само неколку часа по комплетирањето на трансферот на Бојан Ѓоргиевски, управата експресно го договори и трансферот на Манојан, непосредно пред завршувањето на преодниот рок. Ерменецот потпиша договор на една година и ќе му се стави на располагање на тренерот Тасевски, обидувајќи се експресно да се наметне за место во тимот за вториот дел од сезоната.

Ерменскиот интернационалец доаѓа од полскиот второлигаш Сандецја, а претходно настапуваше за Алашкерт и за кипарскиот прволигаш Неа Саламис.