Десеткратниот шампион на Франција го елиминираше Мец и се врати во Лига 1

Десеткратниот шампион на Франција, Сент-Етјен, конечно успеа да се врати во Лига 1 откако го елиминираше тимот на Мец во баражот за пласман во елитниот ранг. 

  • Извештај од натпреварот: 

Двата меча завршија со идентичен резултат (2-1), а патникот во Лига 1 мораше да биде решен во продолженијата. Херојот на „зелено-белите“ беше Сенегалецот Ибрахим Ваџи, кој стрелаше во 117. минута и донесе огромно славје за своите навивачи. 

Ова е голем успех за клубот кој важи за еден од најславните во Франција. Само ПСЖ има две титули повеќе од Сент-Етјен, кој долги години беше рекордер во домашното првенство.