Десеткратен белгиски шампион најави банкрот, се сели од прва во трета лига

Oткако минатата недела словачка Жилина најави банкрот заради последиците од пандемијата од ковид-19, сега слично сценарио доживува еден од трите најславни белгиски клубови и поранешен финалист на европските клупски натпреварувањата. 

Коронавирусот му нанесе тежок удар на десеткратниот шампион на Белгија, Стандард. Клубот од Лиеж ја загуби лиценцата, откако стана јасно дека нема да може да ги покрие долговите на крајот на сезоната поради суспензијата на првенството. Стандард прогласи банкрот и ќе мора да започне од третата дивизија.

Низ овој клуб минале големи фудбалски и тренерски имиња, а и не така одамна значеше многу за фудбалот и Јупилер ПРО лигата. Скоро сите белгиски клубови се соочуваат со проблеми, Андерлехт најави големи проблеми ако пандемијата продолжи, а Компани ја исплати разликата од намалените плати на професионалците.

На 24 април ќе биде позната судбината на прекинатиот шампионат и веројатно ќе биде променета одлуката за стопирање на натпреварувањето и титула за Бриж. Европската фудбалска централа (УЕФА) најави дека федерациите кои ќе ги прекинат шампионатите ќе останат без европски места следната сезона, па Белгијците целосно се предомислија.