Десет прволигаши и шест второлигаши во осминафиналето на Купот

По комплетирањето на денешните дуели, познати се сите учесници во осминафиналната рунда во Купот на Македонија.

Во следната фаза ќе има десет прволигаши и шест второлигаши. На првата пречка од клубовите од елитата паднаа само Арсими и Брера Струмица.

Прволигаши:
Шкендија, Шкупи, Тиквеш, Башкими, Пелистер, Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Вардар, Струга Трим Лум

Второлигаши:
Брегалница, ГФК Охрид, Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново, Беласица, Новаци

Се очекува Фудбалската федерација на Македонија наскоро да ја закаже ждрепката за следнатаа фаза.