• Саше Љолес
Екипите на Глазгов Ренџерс и Селтик одиграа уште едно вечно „Олд Фирм“ дерби во шкотскиот шампионат и ги поделија бодовите во ремито со конечни 1-1 (1-0).
Натпреварот од 35. коло немаше преголемо резултатско значење, затоа што Селтик веќе ја обезбеди шампионската титула, но се играше за угледот и честа на клубовите. Резултатот го отвори Сириел Десерс во 44. минута и донесе предност за „полицајците“ на паузата, а во вториот дел Селтик израмни со погодокот на Адам Идах, кој стрелаше во 57. минута од натпреварот.
Селтик има 85 бода на првенствената табела, додек Ренџерс се сигурни на втората позиција со 68 бода, дванаесет повеќе од третопласираниот Хиберниан.