ВИДЕО: Дербито за врвот на Холандија без победник, атрактивно реми на Ајакс и ПСВ

Холандското дерби за врвот на табелата заврши без победник, бидејќи Ајакс и ПСВ одиграа реми од 2-2 (1-2) на „Јохан Кројф Арена“. Иако гостинот од Ајндховен поведе рано со два голови предност, сепак избраниците на Ерик Тен Хаг се вратија во натпреварот. 

  • Извештај од натпреварот: 

Само две минути игра им беа потребни на фудбалерите на ПСВ Ај Андховен да го отворат резултатот. Дони Мален со неверојатна асистенција со пета го проигра Захави, а Израелецот стрелаше за 0-1. Истото дуо соработуваше и при вториот гол, овојпат во 21. минута. Искусниот Еран Захави ја удвои предноста на ПСВ Ајндховен, пак по проигрување на Мален. 

Ајакс успеа да ја затресе противничката мрежа во најдобриот момент за нив, непосредно пред паузата за враќање на самодовербата. Тадиќ го проигра Квинси Промес, кој мирно отблиску го матира Мвого (1-2).

На стартот од продолжението шанса доби засилувањето Себастиен Халер, а веднаш одговори со погодок во мрежата на ПСВ Ајндховен. Сепак, истиот беше поништен поради офсајд. Халер не запре тука, бидејќи во 65. минута беше асистент за Ентони, кој ги постави конечните 2-2. 

По 15. коло во Ередивизие нема промени на врвот, Ајакс остана лидер со 35 бодови, додека ПСВ има еден бод помалку.