• Мартин Танасковски
Дербито на колото во 32. коло на Серија А меѓу екипите на Торино и Јувентус заврши без голови (0-0), па така продолжи лошата серија на „биковите“ со градскиот ривал.
- Торино - Јувентус 0-0:
Херој на натпреварот е голманот на Торино, Вања Милинковиќ-Савиќ, кој беше расположен и успеа да ја сочува мрежата на својот тим. Најдобрите прилики ги имаше Душан Влаховиќ од Јувентус, кој не реализира две сериозни прилики.
Двата зицери Влаховиќ ги имаше во првиот дел. Во седмата минута ја погоди стативата, кога Милинковиќ-Савиќ скоро и да беше совладан, а потоа излезе еден на еден со голман, ама пак не погоди. Торино беше подобар во вториот дел, меѓутоа не дојде до гол. Натпрварот прерано го заврши и тренерот Иван Јуриќ кој доби црвен картон.
- Лече - Емполи 1-0:
Претходно, Лече со 1-0 беше подобар од Емполи во попладневниот дуел за опстанок. Вечерва се игра натпреварот меѓу Болоња и Монца.