• Иван Димовски

Дербито на осмото коло во Втората македонска фудбалска лига ќе се одигра во Штип.
Лидерот во шампионатот Брегалница ќе го дочека четвртопласираниот Скопје кој има само три бода помалку. Штипјани од овој натпревар се решени да направат спектакл пред домашната публика на „Градскиот стадион“. Поради тоа, натпреварот ќе се одигра во попладневен термин од 18:00 часот под рефлекторите на реновираниот стадион.
Последен пат под рефлектори во Штип се играше летово кога ревијален меч одиграа ветераните на Брегалница и Црвена Звезда.







