Дерби уште на стартот во Примеира, Спортинг патува кај Брага

Брага Спортинг

Ждрепката за португалската лига донесе дерби уште во првото коло. Актуелниот првак Спортинг од Лисабон в недела од 19:00 часот гостува кај еден од тимовите кои се при врвот на табелата, тоа е Брага. Двете екипи тргнуваат со високи амбиции и со план како да го симнат Порто од врвот, но на почетокот една од нив ќе доживее удар на амбициите.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Брага - Спортинг >>>

Брага во пет од последните шест сезони завршуваше на четвртата позиција, само во 2020 беше трета. Во новиот шампионат влегува со минимално променет состав и доста воигран тим. Заминаа само стоперот Давид Кармо за 20 милиони евра во Порто и 36-годишниот дефанзивец Роландо на кого му истече договорот. Засилување дојде во нападот, тоа е Симон Банзе кој за пет милиони евра дојде од Ленс, а минатата сезона на позајмица во Фамаликао даде 12 гола. Конкуренцијата ја зголемуваат уште тројца играчи – Ниаките, Гомез и Лаинез кои се позајмени.

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Примеира >>>

Тимот на Спортинг е повеќе реновиран и со тоа ќе му треба време на тренерот Рубен Аморим да ги склопи коцките. Нуњо Мендез замина во ПСЖ, Жоао Палиња во Фулам, Валентин Росие во Бешикташ, Андраж Шпорар во Панатинаикос, Ренан Рибеиро во Ал Ахли-Џеда, а Родриго Баталја во Мајорка. Од трансфери се заработи околу 70 милиони евра, а половина од таа сума е потрошена на засилувања. Во Лисабон дојдоа Рубен Винагре (Вулвс), Џеремаја Сент Џасте (Мајнц), Педро Поро (Манчестер Сити), Франсиско Тринкао (Барселона), Хидемаша Морита (Санта Клара), Рочиња (Гимараеш) и Франко Исраел (Јувентус).

Минатата сезона Спортинг успеа да победи кај Брага на 14 август кога славеше со 2-1. Му беше тоа петта победа по ред над овој ривал, претходно, пред крајот на јули беше подобар и во Суперкупот на Португалија со идентичен резултат. Црната низа Брага конечно ја прекина во средината на јануари, кога славеше во Лисабон исто така со 2-1 и така му помогна на Порто на патот кон титулата.