Дерби не е дерби без инцидент: Избегната тепачка меѓу фудбалери на Ц. Звезда и Партизан (ВИДЕО)

Србија

Црвена Звезда ја потврди лидерската позиција со денешната минимална победа над лутиот ривал Партизан

Не поминува дерби без инцидент, а среќа што денес немаше навивачи на трибините. Но, затоа нивната улога ја одиграа актерите на теренот, кој влегоја во „клинч“ во 75. минута од натпреварот на „Рајко Митиќ“.

  • Инцидентот на српското дерби:

Стрелец на одлучувачкиот погодок беше Мирко Иваниќ, кој со глава искористи еден центаршут од корнер, за голема радост на Дејан Станковиќ и „црвено-белите“.