• Иван Димовски


Иако реванш натпреварите од осминафиналето на Лига Европа и Конференциската лига беа оптоварувачки фактор за двата римски клуба во пресрет на познатото „Дерби дела Капитале“, големата важност на пресметката во Вечниот град ќе го фрли заморот и моменталната психолошка состојбата на двата тима во сосема поинаква перспектива.
Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Лацио и Рома
Според моменталната ситуација на табелата, но генерално и целата сезона на Серија А, ова може да биде една од решавачките пресметки кога е во прашање пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона. Лацио моментално е трет на табелата, со два бода повеќе од лутиот ривал на петтото место. Двата тима се склони кон осцилации, се со сличен квалитет, па е доста тешко да се предвиди во кој правец би можел да оди натпреварот.
„Волчицата“ во последните недели прокоцка многу бодови во Серија А. Беше поразена од неодамнешниот фенерџија Кремонезе (1-2), а во последното коло пред своја публика загуби и од Сасуоло (3-4). Од друга страна, Лацио со ремито без голови во Болоња ја прекина серијата од три последователни првенствени победи, вклучувајќи ја и изненадувачката во Неапол (1-0).
Квоти за останатите натпревари во Серија А
Дуелот од првиот дел од сезоната „небесносините“ го добија со 1-0 со голот на Фелипе Андерсон во 29. минута, што беше прв пат формален гостин да слави во римското дерби по април 2017 година, кога бодови освои Лацио (3-1). Рома не славела како гостин против својот најголем ривал од декември 2016 година, што треба да се има предвид кога станува збор за обложувањетона овој натпревар. Поради суспензија, Жозе Мурињо нема да го води тимот на еден од најважните натпревари на крајот од сезоната, па останува да се види дали тоа ќе има влијание врз настапот на неговиот тим на овој натпревар. Не веруваме дека дербито ќе биде ефикасно, бидејќи поразениот тим може многу да загуби, па не би ја исклучиле ниту поделбата на „пленот“.